28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ – Стебленцата од јагода можат да помогнат во регулирањето на шеќерот и да го намалат стресот

Јагодите се омилено овошје на многумина, одлични се за подготовка на многу колачи и десерти. Речиси автоматски сите ги фрлаат стебленцата пред јадење. Сепак, правите грешка.

Многу стручњаци од природната и народната медицина веруваат дека овие стебленца од јагоди можат да бидат исклучително корисни за нашето здравје и убавина. Овој дел од јагодата е исклучително богат со витамин Ц. Многу од стеблата прават чај против стрес, лошо расположение, замор, а се верува дека поволно делува и на функцијата на бубрезите.

Стебленцата од јагоди се користат и како природен препарат за зачувување на младешкиот изглед. Кога ќе се исечат и измешаат, може да се користат како маска против брчки на лицето и вратот. Покрај тоа, листовите од јагода може да се користат за нега на коса.

Стебленцата на ова овошје можат позитивно да делуваат и за регулирање на нивото на шеќер во крвта, но треба да знаете дека за овие цели најдобро е да користите јагоди од органско потекло.

Во 300 мл зовриена вода ставете една лажица измиени и исечкани стебленца – Оставете ја да отстои околу 20 минути, па процедете и оставете да се излади.

Се препорачува да се консумираат две шолји дневно.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 28-ми август 2025

ДЕСК

УТРЕ ЈА ПРАЗНУВАМЕ ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА: Празник со црвени букви – Не се дозволуваат повеќе работи, но за здравје се верува дека се прави само едно нешто

ДЕСК

Во септември животот ќе му тргне на еден хороскопски знак – вистинска среќа во љубовта и финансии

ДЕСК