Centar.mk
ТЕМАМОЗАИКТЕХНОЛОГИЈА

МНОГУМИНА ПОСАКУВАА – TikTok наскоро ја воведува ОВАА опција

TiKTok наскоро ќе додаде нов екран на контролната табла што го прикажува времето на користење на апликацијата, како и „водич за благосостојба“ за тинејџерите на оваа платформа.

Оваа опција многу ќе им помогне на оние кои не знаат да се „откачат“ од оваа апликација која во последно време доживува невиден успех.

Со споменатата промена, компанијата додава нова табла во рамките на апликацијата, која подобро ќе следи колку време корисниците поминуваат во апликацијата.

Контролната табла ќе прикаже статистика, како што е времето што сте го поминале во апликацијата, кога најмногу ја користите апликацијата и колку често ја отворате. Нешто како на Инстаграм.

Покрај тоа, корисниците на TikTok ќе можат да поставуваат ограничувања за тоа колку долго ќе можат да ја користат апликацијата во одреден временски период.

Промените доаѓаат откако TikTok и слични услуги се соочија со прашања за влијанието на овие апликации врз тинејџерите. TikTok истакнува дека планира да претстави дополнителни ограничувања кога станува збор за времето поминато во апликацијата за тинејџери на возраст од 13 до 17 години.

Можеби ќе ве интересира

10 јануари ќе ви го смени погледот на животот – хороскоп што погодува право во срце

ДЕСК

ChatGPT Health пристигнува со јасна порака: поддршка за пациентите, не замена за лекар

C +

Дневен хороскоп за 9-ти јануари 2026 – Овој ден открива кој добива шанса а кој мора да донесе тешка одлука

ДЕСК