Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски со порака до Црвенковски

Ги ценам изјавите и интервјуата на Бранко Црвенковски, тој има големо искуство како поранешен премиер и претседател, би сакал почесто да го гледаме и слушаме во јавноста, рече актуелниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Ал Џезеира.

-Ние сме членови на иста партија, кога тој бил претседател јас сум бил обичен член и сум учел политика од него, сега јас сум претседател на СДСМ и премиер и за многу работи со него имаме исто мислење, а за многу работи не се согласуваме.

Договорот со Бугарија е основа за решавање на проблемите со Бугарија, историските комисии не се нешто ново, имаме таква со Грција но таму нема проблем затоа што историчарите не тераат политика туку тераат историска дебата.

Ако историската комисија од бугарска страна не ја политизира својата работа туку си работи според она што е фактичка состојба за минатото нема да има големи проблеми, мораме со Бугарија да наоѓаме решенија кои не задираат во националните интереси на двете земји и двата народа – рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +