Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовска тврди дека надвор од секаква логика е имот на политичка партија да се конфискува поради дејствија на две лица

Судската постапка „Талир 2“ за Ружица Николовска, правна застапничка на ВМРО-ДПМНЕ, била насочена исклучиво кон имотот на политичката ВМРО-ДПМНЕ.

По пресудата, во која беше изречена и мерка за конфискација на имотот на партијата, Николовска најави дека правда ќе бараат од други судови.

„Ќе укажам на само една работа, да се конфискува цел имот на една политичка партија заради некакви дејствија на две лица, обвинети, е надвор од секаква правна и здрава логика. Доколку постојат какви било дејствија и утврдена вина, како што тоа денес судот го стори, тогаш можело да се конфискува и личен имот на обвинетите лица. Овој имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не може да се толкува дека целиот е заслуга на само две лица. Напротив, во таа политичка партија има многу други луѓе кои допринеле за создавање на тој имот. Ќе видиме, сепак ни стојат и други правни средства на располагање и се надевам дека и понатаму правдата ќе биде задоволена“, рече Николовска.

Таа смета дека правата на партијата ВМРО-ДПМНЕ биле ускратени оти иако судечкиот совет се обидел да ја оправда конфискацијата на имотот, во текот на постапката не бил сослушан претставникот на ВМРО-ДПМНЕ за да се произнесе за околностите. Според неа, останува да се утврди дали токму со дејствата на Никола Груевски, кој доби нови шест години затвор, и на Кирил Божиновски кој доби условна казна, бил стекнат токму имотот кој е предмет на конфискација.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Болниците се консолидираат, намалуваат наследени долгови и добиваат засилување, над 950 нови лица во здравствениот систем

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ се “пере” за пожарите со обвинувања – Во најголем дел пожарите се намерно подметнати, затоа прашуваме која е придобивката на СДС која се радува на нив?

ДЕСК

Гори на 17 локации низ Македонија – пожарите не стивнуваат

ДЕСК