Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Тропар
Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој н? спасува од распадливоста со твоите молитви.
Кондак
Оној што во овој свет е светлоносен и божествен столб, Светилник на Сонцето – Претечата, кој својата божествена и светлоносна глава ? ја покажа на целата земја, тој ги осветува оние што со вера се поклонуваат и повикуваат: Христов премудар Крстителу, спаси н? сите нас.
Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски
Монах и подвижник на островот Кипар, се удостои со епископски чин, а за време на прогонствата се удостои и со маченички венец. Неговото тело почиваше во една црква на Кипар. Кога во времето на Никифор удрија Агарјаните на островот Кипар, светителот му се јави на туторот на црквата и му кажа дека неверниците ќе го нападнат Кипар, па му нареди неговите мошти да се пренесат во Цариград. Туторот веднаш го изврши тоа. Кога тргна коработ со кивотот, на морето се крена голема бура, но околу самиот кораб беше тивко и мирно, а од кивотот се разлеваше благоухание низ целиот кораб и наоколу. Тогаш туторот го отвори кивотот и сите го видоа преисполнет со миро излеано од моштите на светителот. Од тоа миро се намачкаа мнозина болни и оздравеа. Во Цариград над чудотворните мошти изградија нова црква и почнаа да стекнуваат исцеленија сите што со вера им притекнуваа на светите чудотворни мошти. Со Божествената благодат од моштите на Свети Терапонт се исцелуваа најтешките болни од парализа, рак, крвотечение, лудило, слепило, исушеност и разни други маки.
Тропар
Божји угодниче, свештеномачениче Терапонте, поучен се ослободи со пост и молитва од противникот на слободата, а со благодатта телото го смири од мудрување, затоа сега имајќи смелост пред Господа, моли се за нас, благоуханието од твоите мошти да биде лек за нашите души.
Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други
Римски војници, пострадаа за Христа во Доростол Македонски околу 302 година. Кога на Пасикрат му пријде неговиот брат Папијан, којшто од страв отстапи од Христа, па почна да го наговара и него да се одрече од Господ, Свети Пасикрат му рече: „Оди си од мене, ти не си ми брат!“ Пасикрат и Валентион беа убиени заедно. Свети Јулиј му рече на судот: „Јас сум ветеран. Дваесет и шест години му служев верно на царот, па кога досега му бев верен на нижниот, зар да му бидам неверен на вишниот?“ т.е. на Небесниот Цар. Потоа пред префектот Максим беше изведен Никандар. Никандровата жена го храбреше својот маж да пострада за Христа. „Глупава бабо“, ? велеше Максим, „тебе ти се посакало подобар маж!“ А жената му одговори: „Ако мислиш така за мене, нареди нека ме погубат мене пред маж ми!“ Со Никандар загина и Маркијан. Неговата жена дојде на губилиштето, носејќи во рацете малечок син. Маркијан го целиваше и Му се помоли на Бога: „Семоќен Господи, грижи се за него!“ Потоа беа убиени со меч и преминаа во Царството Христово.
Тропар
Славната вера Христијанска на подвиг маченички ве ободри, о Пасикрате и Валентионе, следејќи ги зборовите на животот вечен: ни татко, ни мајка, жена, син или ќерка на патот кон Христа не дозволивте да застане. А маките на мачеништвото светол венец станаа и за останатите: Јулиј, Исихие, Никандар, Маркијан и други. По нивните молитви, Господи, спаси ги душите наши.
извор МПЦ