Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На Ламбе Алабаковски му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години

Против пејачот Ламбе Алабаковски кој е осомничен за пожарот во Центарот за култура „Иван Михаилов“ полицијата поднесе кривична пријава по член 288 став 1 од кривичниот законик.

Станува збор за кривично дело предизвикување општа опасност за кое е предвидена затворска казна

– Тој којшто со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејство или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години, стои во став 1 од членот 288 од Кривичниот законик.

Откако беше објавено името на Ламбе Алабаковски како сторител пожарот во Клуубот на Бугарите во Битола, неколку познати адвокати доброволно се пријавија да го бранат на суд.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК