Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Адвокатот Јанаки Митровски се пријави да го брани Алабаковски: Не предизвикал опасност, немало никој во клубот

Еден од најпознатите македонски адвокатио Јанаки Митровски се оријави, како што вели тој, прв да го застапува пејачот Ламве Алабаковски, кој денеска беше уапсен за потпалување на влезот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола во саботата наутро.

„Под итно организација за одбрана на Ламбе!!!! Прв се пријавувам!!!“, напиша основачот на БИЛКА на Фејсбук.

Подоцна Митровски истакна дека Алабаковски не може да биде кривично гонет, туку само за материјална штета, односно според правникот, тој не предизвикал општа опасност.

„Клубот бил затворен и со тоа не е исполнето делото Предизвикување општа опасност, што значи ослободителна за Ламбе!“, објави Митровски.

Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик, соопшти претходно МВР.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК