7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување – Подгответе се за силно невреме со пороен дожд, силни грмежи и град – опасно ќе биде и во скопската котлина

Во текот на оваа работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 08.06.2022
Минимална температура: 10°C до 16°C Максимална температура: 24°C до 30°C УВ=7

Прогноза за 09.06.2022
Минимална температура: 9°C до 16°C Максимална температура: 23°C до 29°C УВ=7

Прогноза за 10.06.2022
Минимална температура: 10°C до 16°C Максимална температура: 24°C до 31°C УВ=7

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК