21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

Се пронаоѓате ли во нив? Ова се НАЈБИЗАРНИТЕ причини за развод

Разводите за жал зачестија, но прашањето е дали понекогаш само бараме причина да бидеме слободни?

Најчести причини за развод се измамите и финансиските проблеми, но дали знаевте дека има и чудни причини за кои никогаш не сте помислиле дека можат да доведат до развод.

Папагалот открил прељуба

Домашните миленици можат да ве поврзат, но и да ве разделат, што го потврдува и случајот во Кина. Жената се посомневала дека нејзиниот сопруг ја изневерува кога нејзиниот папагал ги повторил зборовите „развод“, „те сакам“ и „биди трпелив“.

Жената била опседната од дух

Човек од Дубаи како причина за разводот го навел духот. Неговата сопруга одбила да спие со него, а нејзиното семејство го оправдувало таквото однесување со духот од арапската митологија. Според овие тврдења, таа била опседната од дух, а неколку верски експерти се обиделе да и извршат егзорцизам.

Жената посвоила 550 мачки

Мажот поднел барање за развод откако неговата сопруга посвоила 550 мачки. Тој тврдеше дека нема каде да спие, ниту да јаде. Иако сакале да се смират, се откажале бидејќи сопругата не сакала да се откаже од своите миленици.

Мажот ја сфати чистотата премногу сериозно

Германката се развела од сопругот по 15 години брак бидејќи бил премногу опседнат со чистота и чистење. Таа никогаш не можеше да го сфати неговиот перфекционизам, но капката што ја прели чашата беше онаа кога тој го сруши ѕидот бидејќи беше премногу валкан.

Сопругата го бакна коњот

Мажот се развел од сопругата откако на социјалните мрежи видел фотографија на која неговата сопруга бакнува коњ. Сопругата рече дека тоа е само доказ за нејзината љубов кон арапските коњи и дека не сака да биде со маж кој мисли дека тоа е изневерување.

Измама од 1940-тите

Италијанската двојка се разведе во 2011 година поради измама од 1940-тите. 99-годишен маж поднел барање за развод од неговата 96-годишна сопруга бидејќи нашол љубовни писма кои таа ги разменувала со друг маж во 1940-тите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сакаат слобода: Хороскопскиот знак кој најчесто се разведува

M T

За да го добие детето по разводот, стружанец со лажен документ докажувал дека поранешната сопруга е луда

M T

ПОВТОРНО ЛИБЕРО! Отиде да ги потпише документите за развод – поведе со себе и ОРКЕСТАР за да прослави (ВИДЕО)

M T