6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИККУЈНА

Посебно внимавајте на ДОДАТОЦИТЕ: Најчестите грешки кои го расипуваат вкусот на домашната пица

Сигурно сте забележале дека пицата што ја правите дома не е толку вкусна како онаа што ја нарачувате. Постојат неколку чекори во подготовката кои треба да ги промените доколку сакате вашата пица да биде подобра.

Се разбира, ќе биде потребно малку вежбање додека не научите да правите совршена пица. Ова се најчестите грешки кои му го расипуваат вкусот:

Користите сукало наместо да го месите тестото со раце
Многу мајстори за пица веруваат дека никогаш не треба да користите сукало. Тестото за пица треба да го подготвувате исклучиво рачно, во спротивно смесата ќе биде премногу мека.

Купувате неквалитетни сирења

Се разбира, се зависи од тоа што преферирате, но размислете внимателно пред да купите. Ренданите сирења од вреќи генерално не се со добар квалитет. Моцарелата ќе и даде на пицата совршен вкус.

Не ја подготвувате целата храна пред печењето
Подгответе ги сите преливи што сакате да ги ставите на пицата пред да го развлечете тестото. Ако одолговлекувате, тестото ќе се залепи на површината.
Ставате премногу додатоци

Никогаш не додавајте премногу додатоци бидејќи пицата нема да се испече правилно. Помалку е повеќе. Користете најмногу три додатоци (не сметајќи го сирењето).

Секогаш го користите истиот сос

Повеќето луѓе најчесто користат само сос од домати. Пробајте нешто различно, на пр. сос од песто или лук. Секако, секогаш можете да подготвите домашен сос од состојките кои ги преферирате.

Ја отворате рерната за да проверите како напредува печењето
Не треба да го правите ова бидејќи нема правилно да се испече. Најдобро е да поставите тајмер. Нема да мора постојано да се враќате за да проверите, а пицата ќе биде повкусна.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Едноставно, а преубаво тесто за пица

CENTAR MKD

Брзо, лесно и вкусно: Пица погачици готови за 20 минути

CENTAR MKD