После капењето сите ja оставаме крпата да се исуши, но не сме ни свесни колку грешиме. Влажна и полна со честички од мртвиот површински слој на кожата, крпата останува топла ноќе и ве пречекува наутро на ново миење?
Не сте ни свесни колку габи и бактерии можат да се развијат на неа за многу кратко време. Лекарите предупредуваат дека максималниот број на употреба на една крпа е три пати помеѓу две миења, а во меѓувреме секој пат мора темелно да се исуши.
Тоа значи дека истата вечер или утро по капење и бришење мора да ја извадите на тераса или во грејна сезона да ја исушите на радијатор доколку планирате повторно да ја користите.
Доколку имате машина за сушење крпи во бањата, „ослободени“ сте од овие грижи, само редовно вклучете ја и убаво раширете ја.
Секако, се подразбира дека треба да користиме различни крпи за тело и лице, како и дека секој член има свој пешкир.
Препорачливо е да се менува крпата за лице на секои три дена, а крпата за раце најдобро се менува секој ден.
Доколку имате обоени крпи кои не ги перите на температура повисока од 60 степени, по миењето задолжително испеглајте ги со врела пегла.
Жените треба да користат посебна крпа за интимната регија, а во случај на инфекција да ја менуваат по секоја употреба.