Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Форумот ГлобСек 2022 во Братислава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски од денеска до петок ќе учествува на Форумот за безбедност ГлобСек што се одржува во главниот град на Република Словачка, Братислава.

На Форумот, на кој учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, и кој ќе го отворат претседателката на Република Словачка Сузана Чапутова, претседателот на Република Украина Владимир Зеленски со видео обраќање, и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, учествуваат и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации и тинк-тенк организации.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски на Форумот ГлобСек Братислава ќе учествува на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“.

Во рамките на своето учество на ГлобСек, предвидени се и неколку билатерални средби на премиерот Ковачевски. Форумот ГлобСек 2022 Братислава, како една од најважните меѓународни конференции посветена на безбедносните стратегии, оваа година е фокусиран на три тематски столба: Мобилизацијата за поддршка и за акција за Украина и поширокото европско соседство; Мобилизацијата на ресурсите на Западот за да се зајакне отпорноста дома и Мобилизацијата на глобални коалиции за спротивставување на авторитарните режими.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК