12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Сите имаме обврска да сме гласни кога некој од внатре ги манипулира националните чувства и лаже дека јазикот ни станал северномакедонски

„Не треба да ја оставаме Владата сама да ги демантира дезинформаторите па така кога некој ќе каже дека со договорот од Преспа јазикот ни станал северномакедонски. Апелирам до сите чинители во општеството, сите вие кои сте присутни и претставуваме медиумски организации и медиуми да бидеме гласни кога некој се обидува да ни злоупотребува нациоанлни чувства во итнерес на цели кои што не се демократски“ рече координаторот за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Маријан Забрчанец на конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Метаморфозис.

Тој додаде дека дезинформациите често имаат цел да поттикнат конфликт, поделби и се потпираат на национални чувства и во суштина имаат цел да го делат населението и да предизвикуваат конфликти.

„Исто така по однос на популарнава определба сега, за кого сте за Русија или за Украина има една тенденција, манипулација на ширење на дезинформации дека Северна Македонија морала да биде неутрална бидејќи важни партнери на земјава биле неутрални. Турција била неутрална, Србија била неутрална. На тоа поле сакам да нотирам неколку факти, Турција не може да биде неутрална бидејќи е членка на НАТО, Турција со целиот свој систем учествува во одбраната на Украина како членка на НАТО. Без разлика на сите јавни позиции на одредени политичари во одредени моменти“ рече Забрчанец. Тој исто така потсети и потенцираше дека Србија како и сите балкански држави гласаше за резолуцијата на ОН со која се осудува агресијата врз Украина и се бара стопирање повлекување на воените сили од територијата на Украина (во рамки на меѓународно признаените граници). Србија гласаше и за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ООН.

Тој додаде дека не треба да се дозволи да се молчи пред лагите и дезинформациите, бидејќи ако сите молчат, 100 пати повторена лага ќе стане вистина.