Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Демократијата е посилна од дезинформациите, со консилидирани јавни комуникации на сите чинители битката ќе ја добиеме

„Мојата теза е дека демократијата е посилна од дезинформаторите, меѓутоа е потребно да се консолидира на заедничка цел односно сите овие ресурси кои ни стојат на располагање да ги активираме со цел да продолжиме да ја добиваме битката против дезинформациите“ изјави координаторот за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Маријан Забрчанец на конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“ во организација на Фондацијата Метаморфозис.

Тој додаде дека на глобален план во врска со руската агресија врз Украина, борбата против дезинформациите ја добива битката и дека демократскиот блок води.

„Северна Македонија учествува во сите координации во врска со комуникациите на ниво на НАТО, дел сме од координацијата на стратешките комуникации кои се водат од стратком а НАТО односно од одделот за стратешки комуникации на НАТО. Редовно учествуваме во креирањето на пораките и ги добиваме сите информации кои произлегуваат од таму“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека НАТО, веројатно, за прв пат води консилидирана, координирана, силна и динамична проактивна комуникација кога е во прашање руската агресија врз Украина.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК