Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Град голем колку тениско топче удри во Лозово и околината и направи голема штета

Силно невреме со врнежи од град со големина на тениско топче синоќа уништи лозја и други насади во општината Лозово, летаа и покриви од куќи, а настрадаа и соларни панели и покриви на автомобили.

Градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски, изјави дека градот удрил по повеќе села, а допрва ќе се утврдува колку ќе чини поправка на штетите.

Утре ќе се одржи вонредна средница на Советот, на која ќе биде формирана и Комисија за проценка на штети. И пред неколку дена оваа општина ја погоди силно невреме.

Можеби ќе ве интересира

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК