Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Богоев: Нема веќе селективна правда, одговараат и сегашни и поранешни функционери

„Не се сеќаваме на Влада во чиј мандат биле изведени пред лицето на правдата толку нејзини функционери. Не може да зборуваме за селективност во гонењето на криминалот и корупција во време на СДСМ“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека додека е СДСМ на власт, секој што се огрешил, без разлика дали е член на партија или влада излегува пред лицето на правдата.

„Нема друга земја во Европа каде што на извршување казна затвор или пред суд се двајца поранешни министри за внатрешни работи, двајца поранешни шефови на тајни служби и серија министри и бизнисмени блиски до претходната власт. Ова се крупни работи“ рече Богоев.

Тој додаде дека за сите има фер судски процес каде што се докажува вината, но судските процецси покажуваат дека нема селективна правда.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК