Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Богоев: Мицкоски покажа дека не го интересираат граѓаните и државата, туку само избори

„Државата нема ништо да добие со избори. Само четири месеци блокирани институции. Ако тоа е приоритетот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека кажат дека не ги интересира економијата, не ги интересира што прави државата, туку дека само сакаат избори за да се прикрие неуспехот на нивните градоначалници кои многу ветуваа, а малку реализираат“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека со изборите Мицкоски сака да ја зацврсти неговата позицијата во партијата, исплашен од политичкиот капацитет и потенцијал кој го собираат одредени градоначалници.

„Мицкоски има политичка потреба во континуитет да најавува дека еве само што не станал премиер, сите да го слушаат и да не си играат со него“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ додаде дека доколку го интересираа барањата на граѓаните, ќе понудеше луѓе во критичните области, ќе се седнеше да се најдат решение, а потоа да се разговара за евентуални предвремени избори.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК