22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

За Бранко Црвенковски потписот на „заедничката историја“ со Бугарија бил грешка

Поранешниот претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, на трибина организирана од Амбасадорскиот совет, оцени дека потписот за „заедничката историја“ со Бугарија и за формирањето на Историската комисија бил грешка и дека, наспроти Преспанскиот договор со Грција, кој ги затвори спорните прашања меѓу двете земји, овој ја отворил Пандорината кутија и ги влошил билатералните односи со оваа земја уште повеќе.

-Не би ставил знак на еднаквост меѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвориниту едно, туку напротив ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија кои до таа мерка задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис едноставно не е можен. односите со Грција затоа се неспоредливо подобри по потпишувањето на договорот, но сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по отколку пред потпишувањето. Или да бидам директен: Потпишувањето на Договорот со Бугарија со таа содржин , посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешкаТезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата же се договориме, во самата своја основа е апсурдна. секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес кој се потпира на одредени историски меѓници настани и личности. Ако тие ви бидат одземени, од националниот идентитет не останува ништо“, порача Црвенковски во ова трето јавно обраќање годинава.

Иако се огради дека и оваа оценка не значи дека и без договорот Бугарија немаше да стави вето, тој нагласи дека во таков случај барем немаше да го користи како аргумент во брисел дека Македонија не ги исполнува преземените обврски.

„Позициите презентирани од страна на официјалните преставници на република Бугарија се такви што не оставаат простор за било каков оптимизам“, рече дот, додавајќи дека очекува Софија да стави вето на нашите преговори и на јунскиот самит на ЕУ и дека оваа блокада ќе потрае подолго така што државата треба да се подготви за тоа и да се фокусира на реформите. Според него, имајќи ги во предвид позициите и црвените линии на двете страни единствено можно решение сопото е асиметрично толкување на историјата, односно секој да си го задржи своето видување, но не беше сигурен дека тоа е воопшто можно.

„Дали и кога е можно такво нешто, јас не знам. Но она што сигурно знам е дека веднаш треба да се прекине праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања“, оцени црвенковски.

Тој го спомена и стратешкиот дијалог со САД во јуни, оценувајќи дека тајмингот за него не е случаен, како што не беше и договорот за стратешко партнерство со САД во 2008 година, по самитот во Букурешт – тогаш по ветото на Грција во НАТО, а сега по ветото на Бугарија во ЕУ.

„Тоа е јасна порака од страна на Вашингтон дека во вакви критични моменти стои зад стабилноста, безбедноста и евро-атлантските аспирации на Македонија“, оценувајќи дека тоа е јасен став на поддршка што треба да се почитува.

Тој ги повика политичките актери во Македонија да се подготват за разните сценарија кои доаѓаат од ЕУ а кои водат кон разни форми на интеграција, но не и членство, изразувајќи наедно чудење што во јавноста поголем одек имала изјава на Красимир Каракачанов отколку таа на Емануел Макрон.

-За нас е неприфатлива било каква алтернатива за полноправно членство во ЕУТој став целосно го разбирам. Но, да бидеме реални. Како ќе изгледа ЕУ по десет или 15 години и како тоа же се одрази на процесот на проширување нема да се одлучува во Скопје, Белград, Подгорица и тирана туку во Брисел и пред се Париз и берлин“, рече Црвенковски. Ние, додаде тој, не можеме да влијаеме на тие процеси но можеме да ги предвидиме и да ги амортизираме негативните последици.

Надвор од оваа тема тој упати , како што рече, остра критика кон сите институции во државата што се одговорни за надворешната политика што во ваква стратешки важна земја четири ипол години немаме амбасадор и што за првпат како држава ни се случи САД да не прифатат двајца кандидати за амбасадор што го нарушува угледот на Македонија таму. Според неговите информации во моментов Македонија нема амбасадори во Кина веќе три години, во Србија четири, а празни се и амбасадите во Бриасел, анкара, Бразилија, Каиро и тел Авив, што го оцени како апсолутно неодговорно и недозволиво.

Црвенковски даде силна поддршка и за иницијативата Отворен Балкан гледајќи излез од блокираната евроинтеграција во регионалната соработка.

-Суетите мора да бидат оставени настрана.Не е битно низ која или низ чија иницијатива ќе се остварува регионалната соработка, низ Берлинскиот процес, Отворен Балкан…Лично моите симпатии се насочени кон Отворен Балкан“, рече тој аргументирајќи го тоа со фактот дека е изворна.

Црвеноковски ја нарече „последна“ војната што би се случила ако ескалира ситуацијата околу Украина , бидејќи по неа нема да постои според него ни историја ни човештво. Затоа тој порача дека руската инвазија на оваа земја заслужува најостра осуда и дека е добро што Македонија го направила тоа без било какви дилеми и калкулации.

Обраќањето на Црвенковски инаку собра интересна публика долж партиските линии, бидејќи межу присутните беше и поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Мартин Треневски, Андреј Лепавцов, Гордан Георгиев, Ивица Боцевски, Нано Ружин и други.