9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКТЕХНОЛОГИЈА

Новиот iPhone доаѓа со функција која досега беше НЕЗАМИСЛИВА

Веќе извесно време знаеме дека Apple подготвува iPhone без SIM картичка, а според информациите тоа би можело да се случи наскоро.

Половина од оваа мисија на компанијата од Купертино е веќе остварена, бидејќи Apple досега издаде iPhone со поддршка за eSIM. Следниот природен чекор е целосно да се отфрли физичката SIM-картичка.

Според Тони Фадел, кој се смета за „татко“ на iPod-от, ова би бил сосема јасен потег на споменатата компанија. Тоа е затоа што првично беше планирано iPhone-от да нема слот за SIM картичка, а ова беше идејата на Стив Џобс.

Фадел истакнува дека Џобс сакал да го пушти iPhone само со CDMA, што подоцна се случило преку мрежата на Веризон. Фадел вели дека разговарал за ова со Џобс, истакнувајќи дека објавувањето на таков уред нема да има смисла со оглед на послабото прифаќање на CDMA.

Со други зборови, Фадел веруваше (и беше во право) дека лошото прифаќање на CDMA ќе го спречи iPhone да стане голем хит и да биде популарен како што е сега.

Сега се верува дека Apple планира iPhone без слот за SIM за 2022 година, иако постои можност компанијата да не ја спроведе целосно оваа стратегија. Може да се испорача само еден iPhone без поддршка за SIM, а во текот на 2023 година би се проширил на сите модели.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон останува на чело на Конзервативната партија

M T

НЛБ haPPy картичка за happy зима, 5% cashback за платена сметка за електрична енергија

M T

Димковски му ја предаде функцијата министер за земјоделство на новиот министер Николовски

M T

Маричиќ му ја предаде функцијата на својот наследник Тупанчески

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Герасимовски ја презема функцијата: Чесно и одговорно ќе раководам со општината

M T