Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Богоев: Не одат двете заедно, Мицкоски да нуди помош, а да не се откаже од избори

„Мицкоски вели дека нуди луѓе од неговата партија за да помогнат во четири области на владата, но како број еден приоритет остануваат изборите. Тие две работи не одат една со друга. И да се прифатат луѓе и да се креираат најдобрите решение, тие нема да може да се имплементираат ако има избори“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека при распишани избори Собранието е распуштено 2-3 месеци, а важат и одредби од Изборниот законик кој го ограничува функционирањето на владата поради што нема да може да се спроведат договорените и креирани мерки.

„Ние сме отворени за разговор во било кое време, но тоа да биде конструктивно за помош на граѓаните, а не условувано со распишување на предвремени парламентарни избори. Нема логика да се седне за разговор се додека број еден барање се изборите и тоа е услов, пропратен со блокада на Собрание“ рече Богоев.

Тој додаде дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека не ги интересира економијата, не ги интересираат граѓаните, туку сакаат избори за да го прикријат неуспехот на нивните градоначалници кои многу ветуваа, а малку исполнуваат.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК