Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Костадинов: Се боревме за департизација на државата, а градоначлниците од ВМРО-ДПМНЕ на настани си го канат само партискиот врв

„Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги водат сите поголеми општини во државата. Нивните градоначалници не покажуваат желба за дијалог ни за презентација на општинските проекти. На сите настани тие го носат партискиот врв, иако сите се бориме против департизација на државата“ изјави потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да понуди помош за справување со кризите со кои сите се соочуваме, тие се фокусираат на предвремени избори.

„Не го чувствувате моментот и веднаш по локалните избори се фиксиравте на брзи предвремени избори. Во време на најголемите кризи во Втората светска војна, во време на геостратешка нестабилност, ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на избори“ рече Костадинов.

Тој додаде дека Владата покажува сериозни активности и носи мерки со кои државата, граѓаните и стопанството се справува со кризите.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК