Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Џафери ги затворил во Собранието: „Вие ли ќе не заклучувате небаре невести сме?“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков обвини дека претседателот на Собранието Талат Џафери ги заклучил вратите на собраниската сала и ги исклучил микрофоните.

-Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Да видите што се случува. Секогаш го прави ова Џафери кога треба да се пријавуваме за точка од дневен ред!, објави Левков на Фејсбук.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски го прашал Џафери „кого заклучува“.

-Ќе ѕвонам на полиција да те пријавам. Кој ти дава право да ме заклучуваш? Ѕвонете на полиција. Правото на движење ни е нарушено. Врз основа на што не заклучуваш?, упорно прашувал Мицевски.

-Вие сте залутале во демократија. Срамота е. Вие ли ќе не заклучувате небаре невести сме овде, дофрлила пратеничката Гордана Силјановска-Давкова.

Денеска во Собранието на дневен ред беше 71-та седница, на која почна расправата по 15. точка од дневниот ред за Дополнет предлог-закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК