Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трагедија на автопатот Скопје – Велес: Автомобил излета од коловозот, загина малолетник

Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера во 14.45 часот се случила на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот.

Како што информираат од полицијата автомобил „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.В.(38) од Неготино, излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, велат од МВР.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК