Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Преспанскиот договор ни отвори врати, членка сме на НАТО, имаме автокефална црква

„Опасен е ставот дека Договорот од Преспа не даде резултати, тоа едноставно не одговара на вистината. По Преспанскиот договор ни се отворија многу врати, станавме членка на НАТО и имаме многубројни придобивки“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека треба да бидеме горди на Договорот од Преспа, кој ја отклучи вратата и за добивањето на автоќефалност на нашата црква.

„Сметам дека тој договор треба да го чуваме, да го браниме и спроведуваме доследно. Преспанскиот договор не штити од самоволија и нови проблеми“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека на патот кон ЕУ земјите од Западниот Балкан треба да се борат и да го оправдаат даденото ветување за станување земји-членки. Како што кажа Маричиќ, Северна Македонија треба да се бори за нашата позиција и да докаже дека сака и може да биде членка на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК