13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

„Кој НЕ СЕ ДВИЖИ живее ПОКРАТКО“ – Предолгото седење пред компјутер е извор на многу болести

Луѓето кои предолго седат пред компјутер имаат пократок животен век и се склони на разни болести, предупредуваат лекарите.

Работата во канцеларија бара седечка положба поголемиот дел од времето.

А после работа, многумина остатокот од денот го поминуваат главно во седечка положба и покрај тоа што експертите советуваат поголема физичка активност.

Според научните списанија, предолгото седење влијае на синапсите во мозокот и го зголемува ризикот од деменција, но и срцев удар, дијабетес, мозочен удар, висок крвен притисок и високи нивоа на холестерол во крвта.

Тромбозата се јавува кога има затнување на вените на нозете, а тоа главно се јавува кај луѓе кои седат предолго. Кога седите подолго време, нозете ви отекуваат и ве болат. Затоа е неопходно да се прават паузи во работно време и да се прошета.

Исто така, премногу време пред екранот (компјутер, телефон, ТВ) влијае на засилените симптоми на анксиозност и го нарушува квалитетот на сонот.

Кој може нека оди на работа пешки или со велосипед. Исто така, важно е да пешачите секоја вечер пред спиење, барем половина час.

Лекарите советуваат и спортување со семејството или пријателите – куглање, билијард, пешачење, бадминтон, одбојка…

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Помага во смирување на многу болести: Прекрасно растение кое ви е потребно во домот

M T

Емоциите се поттик за сите болести: Лутината го уништува стомакот, тагата го кине срцето, а еве што прави неблагодарноста

M T

Спиењето е здраво: Помалку од шест часа сон може да доведе до сериозни болести

M T

Болести на денешницата: Ова се симптомите карактеристични за работниците денес

M T

Повеќето ги користат во својот дом: Овие две намирници не прават попаметни и не штитат од болести

M T

Само 1 чаша дневно го намалува ризикот од дури 7 болести

M T