Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Анџела Прајс Агелер предлог за нов амбасадор на САД во Македонија

Белата куќа објави список со имиња кои ќе се номинираат за амбасадароските места на САД во неколку држави, како и во Македонија, а кандидатка за таа позиција во нашата држава е Анџела Прајс Агелер.

Доколку биде потврден предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, Агелер ќе ја замени актуелната амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Агелер и претходно работеше во Скопје како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада, а исто така зборува неколку јазици, меѓу кои француски и македонски.

Агелер во минатото била на дипломатски задачи во амбасадите во Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, Индија, а работела и како заменик-помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија, како портпаролка на Бирото за конзулни прашања во Стејт департментот.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК