Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

144 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 10 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 14 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Сеизмолошка опсерваторија излезе со детали за потресот – ова се деталите

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ: Регистриран потрес со јачина од 3.5 степени

ДЕСК

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

ДЕСК