Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Франција покажа интерес и желба да помогне во надминување на спорот со Бугарија

„Минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон имаше телефонски разговори со бугарскиот претседател Радев и со премиерите Петков и Ковачевски. Тоа беа корисни разговори и се покажа интерес и желба од Франција да помогне“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека се забележува зголеменото француско присуство во регионот и кај нас, што, според Маричиќ, е добро бидејќи доколку претседавачот со ЕУ не е убеден во процесот, тогаш тешко дека ќе напредува дискусијата и на ниво на Унијата.

„Добро е што Франција учествува и прави иницијативи да ни помогне. Досега сите предлози што биле на маса, почнувајќи од Германското претседателство, па и Португалското, беа искористени и се користени во текот на разговорите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека португалскиот предлог за нас е прифатлив и нешто што Северна Македонија сметаше дека е фер решение.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК