Пилешкото е еден од најчесто користените видови месо. Една од причините е достапноста, благиот вкус без силен мирис, но и цената која е попристапна од, на пример, говедско или телешко.
Бонусот е што ова месо е богато со разни хранливи материи, корисни за здравјето на организмот.
Сепак, не се сметаат сите делови од пилешкото добри за човечкото тело, објави неодамна една кинеска студија.
Благодарение на искуството на многу готвачи кои ги споделија своите искуства во готвењето со експертите, како и знаењето на технолозите, откриено е кои делови од пилешкото месо не треба да се консумираат бидејќи се штетни за здравјето.
Значи, кога јадете пилешко, подобро е да не ја консумирате кожата која целосно се состои од маснотии, а покрај тоа може да содржи и голем број бактерии.
Исто така, се препорачува да не се јадат белите дробови, бидејќи ниту термичката обработка со висока температура не е во состојба целосно да ги отстрани сите паразити од нив.
Кинеските експерти советуваа и да не се користи главата, бидејќи во овој дел од пилешкото се акумулираат сите штетни материи што животното ги јаде во текот на својот живот.