13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

НЕ Е ЗА СЕКОГО – Мени како ниедно друго, се нуди хамбургер со банани, јајца или шлаг

Германскиот Бургер Кинг претстави нова понуда на хамбургери наменети за трудници.

Менито стана хит на социјалните мрежи поради комбинациите како сладолед од ванила, јајца и маслинки или хамбургери со порции палачинки, свежи малини, сладолед и шлаг.

Можете да изберете помеѓу пржени јајца и банани, колбаси со маринирана харинга, сладолед од ванила со јајца и маслинки или хамбургери со слоеви палачинки, свежи малини, сладолед, шлаг и говедско месо.

Поради необичните и прилично чудни комбинации на храна, менито стана хит на социјалните мрежи, а многумина изразија зачуденост.

– Изгледа сте побарале од шестгодишно дете да ги комбинира сите негови омилени јадења – пишувало во еден твит.

Сепак, иако за многумина звучи прилично бизарно, новото мени има објаснување, а е наменето за сите идни мајки во Германија.

Според Бургер Кинг, тие се таму за „да ви ги остварат желбите за време на бременост во хамбургер“.

– Со репрезентативно истражување на идните мајки, Бургер Кинг го откри митот за желбата за храна за време на бременоста – се наведува во соопштението.

Според една студија на Бургер Кинг во Германија, 58 отсто од жените доживуваат специфична желба за храна за време на бременоста.

Податоците исто така покажаа дека трите најпопуларни чудни комбинации на храна за идните мајки во оваа земја се мармалад и кисели краставички, рибни стапчиња и сос од јаболка и колбас „curivurst“ и маринирана харинга.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Обрнете внимание на вашето мени: НИКАКО не треба да ги јадете овие 5 намирници секој ден

M T

Шахпаска: Предложените измени на менито во градинките се клучни за правилен детски развој

M T