Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на Европскиот Совет, Мишел го поддржува Отворен Балкан: Колку повеќе земји се обединуваат, толку вашата економија станува посилна

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на заедничката конференција со премиерот Еди Рама во Тирана рече дека го поддржува „Отворен Балкан“ и додаде дека колку повеќе земјите од Западен Балкан се обединуваат, толку се поголеми можностите за зајакнување на економиите.

„Во земјава постои нетрпение за ова прашање (почетокот на преговорите со ЕЈ), да се надмине оваа пречка и што поскоро да се започнат преговорите. Му реков на премиерот, ќе имаме последен состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација. Од срце се надевам дека во претпоследната недела од јуни ќе го направиме ова. Позицијата на премиерот е сосема разумна во овој поглед.

За “Отворен Балкан“, јас лично го поддржувам и посакувам сите да се приклучат на оваа иницијатива, колку повеќе се, толку поголеми ќе бидат можностите за зајакнување на економијата и приближување на Западен Балкан до ЕУ, со финансиски пакети.“, рече Мишел.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +