Иако многумина веруваат дека за да ги изгубите вишокот килограми, треба целосно да исфрлите одредена храна, како јаглехидратите и млечните производи, истражувањата покажуваат дека рестриктивните диети не даваат задоволителни резултати – барем не на долг рок.
Всушност, многу е подобро да вклучите повеќе храна во вашето мени што ќе ви бидат одлични сојузници на патот кон оставање вишок килограми во минатото.
Овие пет намирници ќе ви дадат доволно влакна, протеини, а бидејќи имаат малку калории, ќе ви го олеснат слабеењето, со чувство на ситост и избегнување на глад.
1. Зеленило
Одличен начин да го зголемите внесот на зеленчук и да се храните поздраво е да јадете повеќе салати и зеленило.
Ова е исто така добар начин да внесете повеќе влакна и хранливи материи во вашата секојдневна исхрана. Лиснатиот зеленчук, како спанаќот, зелената салата, зелката, кељот е полн со влакна и вода, што значи дека истовремено ќе ве хидрираат и заситуваат.
2. Екстра девствено маслиново масло
Една лажица екстра девствено маслиново масло содржи 14 грама здрави масти, вклучувајќи мононезаситени и полинезаситени видови, кои помагаат да се одржи нивото на холестерол под контрола. Во исто време, тие штитат од срцеви заболувања.
Само малку маслиново масло ќе додаде божествен вкус на секое јадење.
3. Чиа семе
Малите, но моќни чиа семки се најдобриот „кец во ракав“ кога сакате да се грижите за вашата тежина и исхрана. Во само две лажици чиа семе има дури 10 грама влакна и пет грама протеини.
Секогаш можете да ги измешате со смути, каша или едноставно да направите здрав пудинг од чиа семе.
4. Јајца
Јајцата се многу богати со квалитетни протеини, масти и есенцијални хранливи материи, како што е витаминот Д. Најдобро е да ги изберете за појадок, бидејќи протеините ги регулираат хормоните на гладот и апетитот и ве одржуваат сити долго време.
5. Туна
Туната оправдано има репутација на здрава храна. Богат е со есенцијални хранливи материи кои го подобруваат целокупното здравје. Многу е добра и за слабеење, благодарение на високиот процент на протеини и релативно малиот број на калории.
Богата е со фосфор, минерал кој се наоѓа во клеточните мембрани и селен, антиоксиданс минерал кој ги штити ткивата од оштетување.