Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) И Мицески од ВМРО ДПМНЕ со аплауз за Талат Џафери

Делегацијата на Собранието денеска присуствуваше на пленарна седница на Бундестагот, каде што претседателката и пратениците на Бундестагот со аплаузи го поздравија претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, информираа службите во македонското Собрание.

Од таму додаваат дека прва точка на дневниот ред била изјава на Сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај. Во своето обраќање, Шолц ја нагласил потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие опоравување ќе треба да помогнат сите чинители.

Во говорот, тој се осврна и на Западен Балкан и на заслугите и достигнувањата кои се основа за членство во Унијата за сите аспиранти, се додава во соопштението од Собранието.

Интересно е што и Никола Мицески координаторот на Пратеничката група на ДПМНЕ му аплаудираше на спикерот Талат Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК