11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петров: Во криза одговорно е да се решаваат проблемите, а не да се оди на избори

„Следејќи ги анкетите голем дел од граѓаните оставаат можност премиерот Ковачевски и новата влада да покажат што знаат. Во кризно време треба да се решаваат проблемите, а оваа Влада тоа успешно го прави“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека граѓаните со право на оваа влада гледаат како на нова надеж, а одредена група на граѓани посакува поголемо обединување на власта и опозоцијата со цел надминување на кризните состојби, а не нови избори.

„Сите избори се еден вид на дестабилизација од економски аспект. Четири месеци застануваат економските текови. Сега ако на економската, енергетската, здравствената и кризата со храна се додадат и избори и четири месеци запирање на целата економија, тоа дополнително штетно ќе влијае“ рече Петров.

Тој кажа дека повеќе од 50 отсто од граѓаните позитивно ја оценуваат работата на премиерот Ковачевски, поради што верува дека треба да се остави оваа влада да го заврши мандатот и изборите да се одржат во редовнито термин во 2024 година.