Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Сопругата е родена во Крива Паланка, децата во Скопје, сите имаме лични документи на Република Северна Македонија

По вчерашните написи во одредени медиуми дека неговата сопруга има бугарско потекло, премиерот Димитар Ковачевски рече дека таа и нејзиниот татко и дедо се родени во земјава и оти не може да зборува и да коментира за нејзини прадедовци или чукундедовци.

– Не знам зошто би биле од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга, меѓутоа еве штом е тука прашањето – таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка, мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово. Нашите деца се родени во Скопје и сите ние поседуваме лични документи на Република Северна Македонија, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање, дали се точни информациите дека неговата сопруга е Бугарка.

Во однос на предците на семејството, тој додаде дека навистина не може да коментира во такви детали бидејќи, како што рече, „да се зборува за прадедовци, чукундедовци навистина тоа не било никогаш тема на разговор“.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК