Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Историско зголемување на платите во образованието преку отворен дијалог

Премиерот Ковачевски оцени дека иако СОНК донесе одлука да оди во штрајк тој дијалог не беше прекинат и се потврди дека нашата држава има институции и законски решенија кои овозможуваат и без штрајк, со посредство на законот за посредување, и со вклученост на Премиерот и Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, да се постигне договор.

„Оваа Влада докажа дека е на страна на работниците, ние имаме сега историско зголемување на платите во образовниот сектор од 15%, заедно со покачувањето во изминатите години кои беа 21%, се работи за кумулативни над 36% покачување. Во историјата не се случило да има толкаво покачување на платата на просветните работници“, истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски дополни дека е договорено и воведување на нова методологија за пораст на платите во 2023 година, како дел од реформите во јавниот сектор кои ќе значат и унапредување на образовниот процес, унапредување на условите на работа за наставниците и студентите, и секако постигнување на подобри резултати за нашите ученици кои според меѓународни мерења.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК