Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец осуден на пет ипол години затвор, предаден е на КПУ Идризово

На 17.05.2022 во 21.50 часот на место викано „Живкова карпа” во Куманово, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(35) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и шест месеци за сторени кривични дела по член 201 и 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција за во 13 часот и 30 минути

ДЕСК

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: За чии интереси делува СДС, Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР от на СДС

ДЕСК