Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

144 санкционирани возачи во Скопје, 19 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон 15 санкции, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за непрописно престројување…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК