Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: ЕУ е нашата определба без разлика на сите опструкции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на панелот на самит во Скопје посветен на актуелната економска ситуација и излезните решенија за економски приоритети ги истакна клучните приоритети на кои е посветена Владата.

„Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите. Вториот се однесува на одржлив економски раст, односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот, како и на стопанската активност во земјата и третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто-инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека големиот пакет антикризни мерки даде резултати и овозможи да бидат постигнати стапките на раст од преткризното време со пандемијата.

Премиерот Ковачевски во однос на актуелната економска и енергетската криза потенцираше дека за да бидат надминати последиците кои се дел и од дисконтинуитет на државата од периодот на независноста, Владата фокусот го стави во инвестирање во модерни енергетски системи, во дигитализацијата и реформи во образованието од аспект на едуцирање на кадри коишто се потребни на пазарот и на современиот технолошки развој.

„Не може да очекуваме од закони за образование стари 20 години да добиеме резултати за земја која сака да оди напред и да го одржува чекорот со напредните земји во дигиталното време“, потенцираше Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека регионалната соработка е наша стратешка ориентација, а во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК