17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот „Триоги триатлон“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (сабота), во периодот од 9 до 12 часот, поради натпревар „Триоги триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по одредени сообраќајници во Скопје.

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од булеварот Илинден, потоа на потегот од крстосницата на булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Љубљанска и обратно.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.

Спонзорирано: