11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Извозот од ТИРЗ над 1 милијарда евра во првите четири месеци од годината

Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко-индустриските развојни зони достигна 1,1 милијарда евра и е највисок во споредба со истиот период во изминатите четири години, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата.

Само во однос на 2021 растот е 4 % во однос на пандемиската 2020 – 74 %, а споредба со истиот период во 2019 и 2018 година, извозот е зголемен 19 %, односно 51 %. Инаку, извозот само во април е приближно на исто ниво како во март, а увозот е зголемен 5 % во споредба со претходниот месец годинава. Вкупниот увоз во првите четири месеци од годинава достигнал речиси 1 милијарда евра, што е 75 % повеќе од 2020 година, односно 13 % повеќе од 2019 и 55 % повеќе од 2018. Анализата во април покажува и зголемен увоз од речиси 2 % наспроти извозот што се должи на складирање резерви кај компаниите. Вкупниот нетоизвоз заклучно со април е над 10 %.

Анализата покажува и дека околу 70 % од компаниите имаат пораст во извозот во април годинава во однос на април 2021 година.

Раст од речиси 4 % има и кај бројот на вработени во април годинава во споредба со истиот период лани. Во зоните во моментот работат над 14.500 наши сограѓани.

Исто така, првичната годишна анализа за 2021 година покажа дека просечната плата во технолошко-индустриските развојни зони првпат е над државниот просек, и тоа 3 %, што се должи и на зголемениот број вработени, кој во 2021 година е 5 % повисок од 2020. Се очекува ваквиот тренд да продолжи и годинава со реализација на новите странски инвестиции во зоните.

Спонзорирано: