Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кристијан Трајковски ја официјализира кандидатурата за лидер: Време е за прогресивна, обединета и гласна НСДП

Кристијан Трајковски, магистер по меѓународен менаџмент кој е еден од кандидатите за лидерската позиција на НСДП, избор кој треба да се случи на 4 јуни, откако Тито Петковски, ветеранот во политиката најави дека оди на заслужен одмор, денеска ја официјализира својата кандидатура.

Трајковски е и актуелен директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните и на своите сопартијци дека е време за прогресивна, обединета и гласна НСДП, која ќе биде сериозна лева опција на политичката сцена и ќе дејствува како строг чувар на социјалдемократските и човечките вредности, без разлика дали тоа ќе го прави од позиција на власт или опозиција.

– Време е за победа. Сега на партијата и’ треба лидер кој ќе може да се исправи пред партиските, државните и меѓународните предизвици. Лидер кој ќе одолее на личните интереси и ќе остане посветен на идеологијата која нѐ поврзува, на нашата солидарност и бескомпромисна борба за правда. Време е за нова енергија и нови луѓе, кои ќе градат врз темелите на наследството од минатото и ќе ја донесат НСДП во следната фаза од нејзината политичка еволуција, порачува Трајковски.
НСДП, вели Трајковски, секогаш била партија каде се пронаоѓа преку напорната работа и борбите кои ги водел заедно со членовите, симпатизерите и поддржувачите.

– НСДП стана мојот дом. Денес, НСДП е моето проширено семејство во кое одлучив да ги вложам сите мои капацитети и знаење, моето срце и душа. Нема да дозволиме политичкиот опортунизам, поделбите и омразата меѓу нашите сограѓани да се зголемува и продлабочува. Политички опортунизам и поделби од кои за жал не е лишена ниту нашата НСДП, порачува Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно и тивко со појава на магла

C +

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК