23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Илон Маск: Преземањето на „Твитер“ е привремено паузирано

Милионерот Илон Маск изјави дека неговото преземање на „Твитер“ привремено е паузирано. Објасни и зошто.

„Договорот за преземање на ‘Твитер’ привремено е на чекање за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат помалку од 5 отсто од корисниците“, рече Маск.

За потсетување, на крајот на април Маск објави купување на „Твитер“ за 44 милијарди долари. По тој повод се огласија и од „Твитер“.

„’Твитер’ потврдува дека постигнат е дефинитивен договор за купување. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари од акција. Трансакцијата се проценува на речиси 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, ‘Твитер’ ќе стане приватна компанија“, соопштиja oд платформата.

„Акционерите на ‘Твитер’, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долара за секоја акција на ‘Твитер’ што ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е 38 отсто повисока од берзанската цена на акцииите на ‘Твитер’ на 1 април 2022 година, последниот трговски ден пред г. Маск да објави дека купил удел од речиси 9 проценти на ‘Твитер’“, додаваат од компанијата.

Маск ќе стане сопственик на платформа што ја смета за јавно дигитално место за дискусија за витално важни содржини за човештвото.

„Слободата на говорот е основа на демократијата“, рече Маск.