Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повредени две лица во сообраќајна несреќа – со возило излетале од патот кон Пелинце

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Младо Нагоричане – граничен премин Пелинце во атарот на с. Младо Нагоричане.

Според информациите, несреќата се случила кога автомобил „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С. М. (20) с. Младо Нагоричане, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добила С. М., а телесни повреди добила сопатничката С. М. (19) од с. Младо Нагоричане, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК