Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

89 новозаразени, 2 починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево – по 3, Куманово ,Прилеп , Штип и Берово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани ,Гевгелија и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 87 оздравени пациенти од: Скопје – 30, Битола – 26, Охрид – 6, Прилеп и Ресен – по 4, Штип и Кичево – по 3, Гевгелија и Велес – по 2, Куманово, Берово, Струмица, Дебар , Валандово, Богданци и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје(70г),починат во домашни услови,пoчинат на 30.04.2022 година.

Направени се 1.221 тест преку: ИЈЗ-130, ЦЈЗ Скопје-89, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-25, Биотек-33, Систина-29, лабораторија Лаор-24, Синлаб-4, Ремедика-6, Плодност-13, Генеа-10, Никоб Лаб-72, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 560.

Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава, кои на 2500 метри височина го одржуваат телекомуникацискиот систем на МВР во функција

ДЕСК

Ранет маж во Охрид за новогодишната ноќ – бил нападнат со стаклен предмет

ДЕСК

Нападнат таксист среде Охрид за Новогодишната ноќ

ДЕСК