Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-ДПМНЕ со шпекулации се обидува да загрози започнати истраги од УЈП, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Освен што блокира се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски шири шпекулации и измислува наводни афери со цел да го поктопа функционирањето на институциите.

Чиста лага и шпекулација се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за наводна афера во работењето на Управата за јавни приходи.

Како што и јавно објави УЈП, станува збор за утврдено незаконско работење сторено од одредени даночни обврзници кое УЈП го открило уште во јули 2021 година при што сите документи и материјали се доставени до надлежните институции и предметот е веќе во предистражна постапка.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку шпекулации и лажни вести да се обидува да загрози истраги од надлежни институции, на ист начин се обидуваа и да попречат акции и истраги на Министерството за внатрешни работи.

Неодговорното однесување, одбрана на криминалот, блокадите и лажните вести остануваат заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +