Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија во Скопје: Младо момче почина, а девојка е повредена откако со мотор удриле во ограда

На 11.05.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда.

По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.

Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

ДЕСК