Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДК: Шутка остана без јавен превоз, арсовска 3 месеци не им исплатила пари на приватните превозници, па дел од нив не возат

Приватните автобуски превозници во Скопје за три месеци немаат добиено пари од Град Скопје за превозот кој го вршат и линиите кои ги одржуваат, објави СДК.мк.

Поради тоа веќе неколку дена одредени превозници не возат, па на дел од линиите нема автобуси и граѓаните се оставени без јавен превоз.

Со воведување на единствениот систем на наплата уште во времето на ексградоначлникот Коце Трајановски и во автобусите на ЈСП „Скопје“ и во приватните важат истите билети и истата цена. Градот преку ЈСП „Скопје“ за возврат им исплаќа на приватните превозници по 1 евро за секој изминат километар, Но, сега како што велат од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“не им се исплатени пари за февруари, март и април, а веќе сме средина на мај. Исто така намален им е и авансот кој за секој месец им се исплаќа за да можат да работат, пишува СДК.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +