Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Каевски: Опозициските пратеници признаваат дека блокадата не е решение, но имаат партиска наредба

„Често ги слушаме опозициските пратеници во ходниците и при неформални разговори како признаваат дека ова што го прават не е добро, но дека имаат партиска задача која мора да ја почитуваат. Верувам дека ќе надвладее разумот“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој ја повика опозицијата на разгвори и дискусии доколку одредени закони не им се доапаѓаат, да се соочат фактите и да се донесат добри законски решенија во интерес на сите граѓани.

„Мора да надвладее разумот. Ние како позиција и опозиција мора да делуваме заеднички за важните прашања, бидејќи кога се работи за национален интерес, тука нема политички поени и политиканство, туку заедничко делување и решавање на проблеми“ рече Каевски.

Тој додаде дека опозицијата со блокадата нема да постигне ништо и ги повика час поскоро да завршат со ваквите чекори бидејќи лошото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не носи добро никому, а најмалку носи добро на граѓаните и државата.

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

ДЕСК