Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Каевски: Блокадата на Собранието е обид за дефокус на ВМРО-ДПМНЕ од лошото водење на општините од нивните градоначалници

„Начинот на функционирање на опозицијата и се што прават во Собранието е само дефокус на јавноста од лошото водење на локалната самоуправа од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Нивните градоначалници немаат ниту еден проект со кој може да се пофалат“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека ветија многу, но не испорачаа ништо што може да презентираат на јавноста, па со блокадата прават дефокус за да се одвлече вниманието од нивните градоначалници.

„Во Град Скопје нема бесплатен јавен превоз, нема нови автобуси, нема шест нови паркови, градот е нечист и валкан. Имаме примери и кога цели општини и населби се отсечени од јавниот превоз бидејќи градоначалничката не платила. Токму од ваквите проблеми се обидуваат да направат дефокус“ рече Каевски.

Тој додаде дека во моментов не се потребни предвремени избори, бидејќи државата се наоѓа во криза, а распишувањето избори дополнително ќе го закочи државниот апарат.

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

ДЕСК